Кијану Ривс се појави како гостин на „случајна“ венчавка - младоженците го поканија откако го сретнаа во холот на хотелот

30 август 2022

Кијану Ривс е ѕвезда која живее обичен живот меѓу обичните луѓе. Важи за еден од најскромните актери во Холивуд, а тоа кај публиката му носи уште попозитивна репутација од онаа што веќе ја ужива.

И тоа го покажа со уште еден пример викендов.

Имено, како пренесува Newsweek, Кијану им ја направил совршена венчавката на пар кој ја организирал свеченоста во хотел во Нортхемптоншир каде што престојувал и самиот.

Младоженците Џејмс и Ники Роднајт, налетале на него во холот на хотелот, непосредно пред церемонијата, му пристапиле и го поканиле како специјален гостин на нивната забава.

Иако им се чинело невозможно дека тој навистина ќе се појави, изненадувањето следувало еден час подоцна.

„Беше навистина возбудливо. Му понудив пијалок, но тој одби поради тоа што претходно имал долг лет и дека нема можност долго да остане. Но, беше многу љубезен и пријатлски расположен. Ни ја честиташе венчавката и заедно направивме неколку фотографии, а потоа одвои малку време и да позборува и да се фотографира со дел од нашите гости", вели невестата за магазинот.

Кијану откако ја добил неочекуваната покана само се качил во хотелската соба за да се пресоблече, а птоа ги удостоил младоженците со своето присуство.

Холивуд има вистински господин.

Инаку Кијану Ривс следно ќе го гледаме во четвртото продолжение на „Џон Вик" чија премиера е закажана за 24 март 2023 година.

Фото: Твитер/ Luke Barnett

Објавено:
30 август 2022
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
446 пати