Во интервју за Тајмс, Кира Најтли проговори за фотошопираните фотографии на кои се наоѓа лично таа – „Многу често се прават манипулации со моето тело, без разлика дали се работи за папараци слики или пак филмски постери. Токму затоа, кога прифатив да позирам топлес за магазинот Interview, единствениот услов кој го поставив беше фотографијата да не биде фотошопирана. Ова најмногу се однесува на големината на моите гради, бидејќи тие најчесто беа целта на фотошоп програмата. Сметам дека е важно да се истакне дека секоја форма на градите има своја убавина“.
Ѕвездата на „The Imitation Game" има искуство со фотошопираните фотографии, а последен во низата беше филмскиот постер за „King Arthur“, каде нејзините гради беа значително зголемени. Токму поради овој инцидент, британската актерка сака да истакне дека употребата на фотошопот станува толку нормална појава, што е невозможно до израз да дојдат сите оние кои имаат поинаква телесна конституција, односно реалната за разлика од имагинативната.