Кој беше на финалето на Вимблдон, а кој на забавата потоа...

17 јули 2017

Роџер Федерер вчера ја освои осмата „Вимблдон“ титула и тоа го направи со ниту еден изгубен сет. Хрватот Марин Чилиќ поради повредите не можеше да го даде својот максимум, па ова беше едно од полесните финалиња за Швајцарецот.

фото извор: dailymail.co.uk

фото извор: dailymail.co.uk

Исто така, ова беше уште една победа за впишување во историја, бидејќи со осмата Грен слем титула на „Вимблдон“ , успеа да се искачи на првото место и зад него да ги остави тениските големини Пит Сампрас и Вилијам Реншо, кои имаат по седум.

фото извор: dailymail.co.uk

Покрај тенисот, за гледачите секогаш е интересно и кој од познатите е на трибините, па вчера сите очи беа вперени во принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, кои не криеја дека се големи обожаватели на Федерер.

фото извор: dailymail.co.uk

фото извор: dailymail.co.uk

Тенисерот по освоената титула доби и бакнеж од Војвотката од Кембриџ, која му честиташе на победата, а тоа можете да го видите во видеото подолу:

Во кралскиот „блок“ беше и Пипа Мидлтон, во придружба на братот и мајката, како и Принцот Михаел од Кент и Принцот Алберт од Монако.

фото извор: dailymail.co.uk

фото извор:indianexpress.com

фото извор: dailymail.co.uk

Подеднакво интересно за набљудување беше и семејството на Роџер. За првпат на трибините, покрај сопругата Мирка и ќерките, го следеа и синовите.

фото извор: dailymail.co.uk

фото извор: dailymail.co.uk

-Да, тие првпат доаѓаат овде и веројатно немаат поим што се случува. Веројатно си мислат, колку убаво игралиште. Но, секако, поддршката од семејството, пред сè од сопругата ми значат најмногу и ми даваат сила – изјави Федерер.

фото извор: dailymail.co.uk

фото извор: indianexpress.com

Во публиката беше и британската премиерка Тереза Меј, како и актерите Хју Грант, Бредли Купер, кои се редовни посетители.

Медиумите го забележаа и Еди Редмејн меѓу присутните, како и Ума Турман, Сиена Милер и Ендру Гарфилд, кои можете да ги видите во галеријата во продолжение:

Ништо помалку интересна за медиумите не беше и гала-вечерата по завршувањето на турнирот, каде победниците и учесниците можеа да се видат во несекојдневно, свечено издание.

Погледнете:

фото извор: emirates247.com

фото извор: emirates247.com

Габриње Мугуруса во фустан од „Александар Меквин“; фото: dailymail.co.uk

Во женска конкуренција, титулата отиде во рацете на Шпанката Габриње Мугуруса, која на гала-вечерата се појави во бела креација со златни апликации од модната куќа „Александар Меквин“.

Претходно, на прашањето на новинарите со кој од финалистите од машка конкуренција би сакала да танцува, тенисерката одговори:

-Со Роџер. Ме интересира дали и кога танцува ги има елегантните движења - се пошегува Мугуруса, но медиумите очекуваат да го видат тој танц.

Се сеќавате какво внимание привлекоа Новак Ѓоковиќ и Серена Вилијамс со нивниот танц пред две години, кога беа победници на овој турнир, но дали ќе има такво нешто и од Федерер и младата тенисерка, останува да видиме.

Во продолжение погледнете како изгледаа останатите гости:

Објавено:
17 јули 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.875 пати
Извор: 
DailyMail