Коктел-изложба во чест на Салваторе Ферагамо

26 февруари 2014

Непосредно по прикажувањето на колекцијата за следната зимска сезона на големиот италијански бренд Салваторе Ферагамо на Миланската модна недела, беше организирана коктел-изложба во име на основачот.

Настанот кој беше организиран во автентичен „работен“ амбиент во кој се прикажува изработката на чевли со легендарниот потпис, од идеја до реализација, присуствуваа голем број јавни личности, фанови на брендот.

Меѓу присутните беа и: Хилари Свонк, Мирослава Дума, Ана Дело Русо, Џована Батаглија и уште многу други почитувачи на модната куќа.

 

 

Објавено:
26 февруари 2014
Категорија: 
Сцена