Фамозниот фустан на преклоп, иновација на модната дизајнерка Дијан вон Фурстенберг, слави 40 години постоење. По тој повод вчеравечер во Лондон беше организирана гламурозна коктел забава на која присуствуваа голем број познати личности од светот на шоу бизнисот, модата, филмот и музиката.
Забавата започна со мини изложба која вклучува фотографии од личната уметничка колекција на Дијан вон Фурстенберг. На фотографиите, но и на куклите кои беа поставени во склоп со изложбата, забележавме трансформации на фустанот на преклоп од 1974 година па се до денес.
На коктелот, Дијан се појави во елегантно издание носејќи сопствен модел на црн фустан, декориран со украсна наметка со светки. Таа уживаше во друштвото на своите пријатели и не ја сокри возбудата и задоволството од успешното творештво кое низ годините ја стимулираше за создавање на што подобри и поинвентивни модни визии.
Изложбата на дизајнерката за јавноста ќе биде отворена до 18 – ти ноември во Филипс Галеријата, а од утре(недела) на каналот Е веќе стартува долгоочекуваното телевизиско реално-шоу кое директно ќе ни ја доближи работата, но и приватноста на Фурстенберг. Во меѓувреме од соработка со издавачката куќа Рицоли дизајнерката ја објави новата книга „Journey of a dress“(Патувањето на фустанот), напишана токму од неа по повод големиот јубилеј од 40 години творештво.