Кралството го номинира Дејвид Бекам за титулата „сер“

11 ноември 2013

Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам новата година можеби ќе ја почне со нова титула, откако неговото име се појави на листата номинирани за тутулата „сер“ од кралското семејство. Листата на избрани за оваа престижна титула ќе биде завршена на крајот на овој месес, откако кралскиот совет ќе го преиспита вкупното богатство на сите номинирани.

Извори блиски до кралството  велат дека пријателството мегу принцот Вилијам и Дејвид исто така игра огромна улога тој да го добие ова одликување. Дејвид веќе во 2003 година доби медал за неговиот допринос во фудбалот, а доколку ја добие тутулата „сер“, неговата жена Викторија се разбира ќе стане „лејди“.

 

Објавено:
11 ноември 2013
Категорија: 
Сцена