Кристен Стјуарт пазаруваше во супермаркетот на Шанел
•
8 август 2014
За септемврискиот број на магазинот Elle, Кристен Стјуарт шопингуваше во фамозниот супермаркет на Шанел.
Во едиторијалот, заштитното лице на луксузниот француски бренд е облечена во спортско-елегантни парчиња комбинирани со ултимативниот тренд што веќе неколку сезони Шанел го форсира, патиките во различни стилски варијанти.
Стјуарт позира пред објективот на фотографот Мајкл Томсон, помеѓу рафтовите со различни производи на Шанел, што беше и основна тематика на сценографијата на мартовската ревија на познатата етикета.