Кристи Тарлингтон открива дека манекенството и било драго само на почетокот од кариерата

7 февруари 2014

Во интервју за магазинот „VS“ супермоделот Кристи Тарлингтон, лицето што ги одбележа 90-те, изјавува дека повеќе не сака да биде пред камерите. Затоа многу и е важно со кој соработува, а во овој стадиум од животот, 45 годишната убавица внимателно и селективно избира ангажмани и се труди што повеќе време да мине со семејството.

Кристи додава дека дури сега сваќа дека секој миг во животот е многу важен , а иако е во манекенството од крајот на 80-те, најдраги и се почетоците, пред да стане супер ѕвезда. Тарлингтон отстапи од манекенската кариера на 26 години, односно во кулминацијата од кариерата, се посвети на образованието и моментално од тогаш можеме да ја видиме само во рекламата за модната куќа Мисони за колекцијата пролет-лето 2014

Објавено:
7 февруари 2014
Категорија: 
Сцена