Кристи Тарлингтон е новото лице од рекламната кампања на Мисони

24 декември 2013

Италијанскиот моден бренд Мисони за фотографирање на пролетната кампања ја ангажира холандската уметничка Вивијан Сисен. Фотосесијата е изработена на Шпанските Канарски острови, а главен модел е Кристи Тарлингтон, меѓу џиновски геометриски форми од плексиглас.

 

Во стилот на Вивијан, фотографиите имаат хиперинтензивни бои и остри сенки, со пејсаж што потсетува на Кенија, каде  всушност таа е родена. Премиерата на рекламната кампања во целост ќе биде во мартовските изданија на светските познати магазини.

Објавено:
24 декември 2013
Категорија: 
Актуел