Квентин Тарантино (56) за прв пат ќе стане татко

22 август 2019

Познатиот режисер Квентин Тарантино во 56-та година од својот живот за прв пат ќе стане татко.

Заедно со неговата сопруга Даниела, тие информацијата ексклузивно ја соопштија за магазинот „People".
Други детали околу оваа убава новост не се соопштени.

Инаку, парот се вери во јуни 2017 година, а Квентин за прв пат ја сретнал Даниела пред десет години.

Периодов Тарантино е актуелен со неговиот филм „Once upon a time in Hollywood", во кој игра одлична актерска екипа со водечки улоги кои ги толкуваат Бред Пит, Леонардо Дикаприо и Марго Роби.

 

Објавено:
22 август 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
4.139 пати