Како што веќе беше познато во јавноста, Лејди Гага беше пејачот на кој му беше доделена честа да ја отпее химната на инаугурацијата на новиот претседател на САД, Џо Бајден и сосема ги оправда модните очекувања, иако не беше во фокусот на вниманието.
Таа се појави во креација со потпис на модната куќа „Скјапарели". Здолништето е раскошно и во црвена боја, додека пак, горниот дел е во црна нијанса, тесен и ја следи линијата на телото. Златниот брош во форма на гулаб со гранче, како симбол на мирот, а и слободата според толкувањето на Гага, е она што го направи изгледот на пејачката уште повпечатлив. Модните додатоци се одбрани складно и не го одвлекуваат вниманието од остатокот од стајлингот.
Фокусот е ставен на брошот и пораката е и повеќе од јасна.
Токму затоа, може да се рече дека пејачката, успеа да ги засени и првата дама и потпретседателката, барем кога е модниот избор во прашање, одбирајќи креација која пренесува порака, а притоа е модно интересна, впечатлива, а без неумерено користење бои или детали. Сведено, јасно и моќно.
Во модниот свет, големи беа очекувањата околу тоа како ќе биде стилизирана првата дама Џил Бајден, како и потпретседателката, Камала Харис. Со оглед на тоа дека политиката навлезе и во модниот свет и магазините, ќе видиме дали ќе бидат објективни при анализата и ќе признаат дека изборот беше досаден и веќе виден и дека Меланија Трамп дури и на своето заминување од Белата куќа успеа да ги победи.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram