За сите обожаватели и фанови на поп кралицата Мадона имаме одлични вести. Имено, аукциската куќа Џулиенс соопшти дека во ноември неколку предмети од нејзиниот личен и професионален живот ќе се најдат на аукција.
Станува збор за реквизити од спотовите за мега хитовите „Material Girl“, „Music“ и „American Pie“, кои на седми и осми ноември во Беверли хилс ќе бидат понудени на аукција. Исто така, на аукција ќе се најдат и повеќе од триесет предмети од филмот „Евита“ со Мадона во главната улога од 1996 година.
Џулиенс открива дека на аукција ќе се најдат и дел од наградите што Мадона ги има освоено во текот на кариерата, вклучувајќи ги тука MTV видео музичките награди и дел од статуетките на Американските музички годишни награди, како и нејзиниот алманах од 1972 година, стихови напишани во нејзиниот дневник од 1988 година и уште неколку вредни предмети.