Фустани и предмети на Мадона одат на аукција

30 октомври 2014

Повеќе од 140 парчиња облека и накит на поп кралицата на сите времиња Мадона ќе се најдат на аукциска продажба на интернет, почнувајќи од седми ноември, се вели во официјалното соопштение кое во средата го објави аукциската куќа Julien’s Auctions.

На продажба ќе се најде и сатенскиот фустан, кој Мадона го носеше во видео записот за култната песна, „Material Girl“. Елегантната тоалета со масивна панделка во задниот дел се проценува на околу 40.000 до 60.000 илјади долари.

Венчаницата што Мадона ја носеше во 1985 година кога се омажи за американскиот актер Шон Пен, исто така ќе се најде во продажба. Пејачката ја продава и долната облека од црн латекс што ја носеше на насловната страна за V Magazine.

За сите обожаватели на поп дивата кои немаат длабок џеб, пејачката им подготви разновидни ситници кои според неа можат да си ги дозволат да ги поседуваат. Меѓу нив се наоѓа чек од 1988 година каде таа е потпишана како Мадона Чиконе, листови со текстови напишани со нејзин ракопис, како и шамивче со кое таа си ги избришала усните.


 

 

Објавено:
30 октомври 2014
Категорија: 
Актуел