Лили Ален во розово од глава до пети на настапот на Гластонбери

28 јуни 2014

На главната фестивалска сцена 29 годишната Лили Ален се појави во интересна комбинација од волуменозно здолниште со цветни впечатливи апликации и розов горен дел. Во текот на настапот, таа го тргна здолништето и го откри својот втор аутфит, мини фустан под кој можеа да се видат кратките панталони, исто така во розова нијанса.

Пред официјалниот настап, пејачката беше забележана додека се обидуваше да помине низ публиката, во стајлинг - кобинација од бела маица и кратки „овошни“ панталони, како најсоодветна урбана варијанта соодветна за фестивалот  .

Позитивни вибрации, добро расположение, енергичен настап и впечатливи аутфити – пејачката имаше одличен перформанс кој долго ќе се памети!

Објавено:
28 јуни 2014
Категорија: 
Сцена