Луј Витон и Софија Копола со заедничка прослава
•
3 октомври 2013
Нема ништо подобро од тоа завршувањето на модната недела во Париз да се круниса со забава, река од луѓе, фонтани од шампањ, балони и многу насмевки. Забавата се одвиваше во„Le Bon Marché“ во срцето на Париз, а поводот е соработката на модната куќа Луј Витон со познатата режисерка Софија Копола која ја дизајнираше новата едиција на таканаречената SC-чанта. Пријатна атмосфера преубава коктел-забава и многу познати личности на неа.
Во продолжение погледнете ја галеријата и видете кои ѕвезди беа почесни гости на забавата: