Мадона како Марија Антоанета

19 август 2013

Кралицата на поп музиката Мадона во петокот минатата недела го прослави својот 55 роденден во друштво на пријателите и своето 25 годишно момче Брахим Зибата.

Пејачката за пријателите приреди забава за паметење во Франција, а за таа прилика облече специјален костим инспириран од ликот на кралицата Марија Антоанета, од  виолетов корсет и фризура во кралски стил.

 

Остатокот од нејзиното друштво исто така носеа специјална гардероба. Како и Антоанета која многу сакала колачи, така и Мадона на гостите им понуди многу торта и шампањ. Судејќи според фотографиите, Мадона одлично си поминала и покажа дека иако влезе во шестата деценија од животот, изгледа одлично.

Објавено:
19 август 2013
Категорија: 
Сцена