Ѕирнете каква беше роденденската забава на Мадона
•
19 август 2014
Минатиот 55 роденден поп-иконата Мадона го прослави облечена во костим инспириран од ликот на кралицата Марија Антоанета, додека на забавата за 56-от роденден таа се инспирираше од стариот холивудски гламур, облечена во костим во кабаретски стил. Меѓу славните гости, од модната фела беа популарната манекенка и нејзина пријателка Кејт Мос како и дизајнерското канадско дуо, близнаците Дин и Ден Катен.
Секако без провокација и голотија тоа не би била забава на Мадона, а како таа така и гостите не се штедеа на социјалната мрежа Инстаграм да ги објават фотографиите од тематската прослава.
Поп- кралицата не изостави да биде во друштво на своето семејство, па така на приватниот имот во Кан присуствуваа и нејзините деца.