Креативното дуо Dsquared2 ја отвори првата продавница на Миконос

22 јули 2014

Одличните Дин и Ден Катен од дизајнерското дуо Dsquared2 ја отворија својата прва продавница на магичниот остров Миконос во друштво на нивните најблиски пријатели и обожаватели.

Целиот ентериер во продавницата сосема очекувано бил инспириран од летото и грчките задоволства, а истата е сместена во срцето на една од најубавите градби на Миконос. Бутикот се простира на два ката на околу 80 метри квадратни во целосно бела боја.

Во продавницата може да се најдат одлични парчиња од нивните колекции како костими за капење, женска и машка колекција, парфеми од брендот, но и очила за сонце и модни додатоци.

„Отворањето на оваа продавница не прави многу среќни. Миконос е остров во кој што ние сме навистина вљубени и кој сакаме да го посетуваме барем еднаш годишно во последните 15 години. Веруваме дека ова е едно место во кое што се крие нешто навистина магично“, велат браќата од дизајнерското дуо.

Веднаш по отворањето, креативните браќа беа домаќини на приватна вечера на која беа поканети нивните пријатели во прекрасниот Белведере Миконос Хотел.

На забавата, најголемо внимание предизвика прекрасната грчка водителка и модел Дукиса Номикоу која постојано беше во друштво на близнаците, облечена во шармантно фустанче во пруги од колекцијата на дизајнерското дуо.

Во продолжение, погледнете како изгледаше атмосферата на отворањето на продавницата и на приватната забава организирана од браќата.

Објавено:
22 јули 2014
Категорија: 
Актуел