Провокативните транспарентни фустани славните ги носат уште од 60-тите

18 јуни 2014

Извесно време медиумите креваат прашина за изгледот на пејачката Ријана кога се појави во транспарентниот фустан на Адам Селман за време на CFDA модните награди во Њујорк. Јасно е дека пејачката сакаше да го привлече целото внимание како од присутните така и од медиумите, а потегот и не беше изненадувачки со оглед на тоа дека таа често носи парчиња од кои се гледаат нејзините гради. Токму дека Ријана  не е меѓу првите што преку голотија добиваат  публицитет, во продолжение наведуваме повеќе вакви изгледи кои датираат уште од 1962 година. Мерлин Монро на роденденот на претседателот Џон Кенди во Белата куќа ја пееше роденденската песна облечена во провокативен транспарентен фустан.

Топ моделот Кејт Мос уште во 1993 година на забава на модната агенција Елит, носеше транспарентен фустан од кој се гледаа црните гаќи и голите гради.

 

Подолу од фото галеријата ќе погледнете ретроспектива на ваквите изгледи и кој од ѕвездите беа доволно храбри да направат ваков избор на стајлинг се поради публицитет.

Објавено:
18 јуни 2014
Категорија: 
Сцена