Маркантна мода од црвениот килим на театарските награди Лоренс Оливие

15 април 2014

Пред само неколку дена се одржаа популарните и престижни театарски награди во Лондон, Лоренс Оливие чиј историјат датира од далечната 1976 година. Кралската опера беше локацијата каде на црвениот килим зачекорија многу британски актери како и мнозина други  личности од јавниот живот во Англија. Кристин Девис, Џуди Денч, Кејт Мос, Гема Артентон, беа само мал дел од познатите што  присуствуваа на  традиционалниот настан, а секако неизбежна нишка на свеченост од ваков карактер се луксузните креации од еминентни дизајнерски имиња и брендови. Меѓу еден од највпечатливите креации, светските медиуми ја издвоија онаа на Тв презентерката Мелани Клас, која носеше црно бела тоалета  во цветен принт, креација од пролет-лето колекцијата за 2014 година на Денис Басо.

Myleene Klass Myleene Klass

 

Креација во  корална нијанса на Моник Лулие , носеше популарната актерка од серијата „Сексот и градот“, Кристин Дејвис , додека пак во елегантна небесно сина тоалета од Прада блескаше Гема Артентон.

Gemma Arterton Gemma Arterton

Во продолжение погледнете кој се присуствуваше на наградите Лоренс Оливие и што имаа на себе.

Објавено:
15 април 2014
Категорија: 
Сцена