Сопругата на принцот Хари, војвотката Меган Маркл, изминативе денови престојуваше во Њујорк каде се одржа забавата пред раѓањето на нејзиното бебе кое го очекува за околу два месеци.

Раскошниот „babyshower“ организиран од нејзините пријателки меѓу кои актерката Абигел Спенсер, Амал Клуни и Џесика Мулрони се одржал во луксузен апартман во хотелот The Mark на Менхетен каде една ноќ чини 75.000 американски долари.

Војвотката пристигнала во Њујорк со приватен авион со кој и си заминала, а како што соопштија од палатата Кенсингтон, патувањето било во нејзина сопствена режија и за истото биле потрошени нејзини сопствени средства.

Дејли Мејл пишува дека за петдневниот престој во Њујорк каде се забавувала со пријателките, војвотката потрошила повеќе од половина милион долари.

Нејзините обожаватели веднаш забележаа дека дел од украсувањето во луксузниот апартман било во розова боја, па тоа веднаш предизвика шпекулации дека таа можеби е бремена со девојче.

Војвотката треба да се породи во април, но последно таа и принцот Хари соопштија дека не сакаат да го знаат полот на бебето, туку дека сакаат тоа да биде изненадување.

Дел од нејзините гости на забавата беа облечени во розова боја, а исто така и голем дел од подароците беа завиткани или украсени со по некој розов детаљ.

Меган има само два дена да се одмори од патувањето во Њујорк, бидејќи заедно со принцот Хари заминуваат на официјална посета на Мароко.

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
21 февруари 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.308 пати