Меган Маркл прекрасна во елегантна креација на Британските модни награди

11 декември 2018

Во Лондон, поточно во „Ројал Алберт Хол“ вчеравечер се одржаа Британските модни награди. Модната елита се собра на едно место, но вниманието сепак го украде Меган Маркл.

Војвотката од Сасекс се појави на сцената да ѝ ја врачи наградата на Клер Вајт Келер, дизајнерката на „Живанши“, која беше задолжена и за нејзиниот венчален фустан.

Маркл се појави во црн асиметричен фустан, секако од истата модна куќа. Остана доследна на едноставноста и елеганцијата, па изгледот го комплетираше со неколку златни алки, дискретни обетки и златни сандали. Кога е фризурата во прашање, овој пат изборот беше едноставна, класична пунџа, која совршено се вклопи во севкупниот изглед.

Вајт Келер ја доби наградата за „Дизајнерка на годината“, а во говорот ѝ се заблагодари на Меган за довербата.

„Оваа жена е неверојатна. Морав да ја запознаам и приватно и да имаш некој покрај себе кој ќе ти верува во таков личен момент во животот...не можам доволно да ѝ се заблагодарам, бидејќи тоа беше најубавиот момент“, изјави дизајнерката на сцената.

За потсетување, венчаницата беше во А-крој, со 3/4 ракави и долг вел. 

Објавено:
11 декември 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.023 пати
Извор: 
DailyMail