Меган Маркл го има најубавиот фустан во пруги сезонава

19 април 2018

Прекрасната актерка Меган Маркл повторно го привлече вниманието на јавноста појавувајќи се во шармантен фустан во пруги на Денот на Комонвелтот во придружба на принцот Хари.

За кралскиот настан, таа овој пат се одлучи за фустанот насловен како „Одри“ од колекцијата на познатиот светски бренд Алтузара со што повторно докажа дека има беспрекорен стил.

Актерката го надополни фустанот со високи црни потпетици и палто во темна боја, а што се однесува до шминката и фризурата, како и секогаш се одлучи за природна варијанта.

Инаку, на настанот, на принцот Хари му беше доделена улогата на амбасадор на младите на Комонвелтот со што и официјално беше отворен Форумот на кој тој ќе говори.

Двојката ќе се венча во замокот Виндсор на 19 – ти мај, а се очекува тие да останат во Велика Британија и целосно да се посветат на нивните кралски должности, откако актерката и официјално се откажа од нејзината кариера.

Имено, таа долги години беше дел од актерската екипа на познатата ТВ серија „Suits“ каде наскоро ќе ја видиме како невеста во една од епизодите.

Извор: Дејли Мејл

Објавено:
19 април 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
4.079 пати