Мелани Грифит (62) позираше во долна облека и изгледа одлично!

31 октомври 2019

Познатата американска актерка Мелани Грифит (62) ги воодушеви обожавателите на социјалните мрежи објавувајќи фотографија на која позира во долна облека.

Промовирајќи дел од новите парчиња на брендот Kit Undergarments, поранешната сопруга на згодниот Антонио Бандерас, се фотографираше во огледало со црна долна облека и високи потпетици.

„Овие две неверојатно талентирани стилистки, Џејми и Симон, го создадоа брендот Kit Undergarments и морам да ви кажам дека ми се допаѓаат сите парчиња од првата колекција. Она што мора да го знаете е дека дел од сè она што е купено, оди во хуманитарни цели. Следете ги“, стоеше под објавената фотографија на актерката.

Обожавателите на Грифит го пофалија нејзиниот изглед, посочувајќи дека изгледа совршено во седмата деценија од животот.

Во неколку наврати, актерката ќе каже дека целиот живот посветено вежба јога и пилатес и ужива во здравата храна со минимално внесување на јаглехидрати.

Инфо и фото: Tportal.hr

Објавено:
31 октомври 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.465 пати