Мелани Грифит на 61 година “растура“ во теретана

5 јули 2019

Актерката Мелани Грифит неодамна на својот Инстаграм профил објави видео од теретана. Таа се пофали дека е во одлична форма, што и јасно се гледа.

Благодарение на нејзиниот личен тренер и дисциплината, 61-годишната Грифит успева да го одржи добро и своето здравје и својот изглед.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by MELANIE (@melaniegriffith) onJul 1, 2019 at 4:08pm PDT

 „Го обожувам овој човек! Ми помага да го одржам моето 50+11 годишно тело цврсто и силно. Тој воедно е и на некој начин мој терапевт...“, напиша актерката под Инстаграм објавата која ја посвети токму на тренерот.

Искрена поддршка и воодушевување изразија голем број познати ѕвезди, меѓу кои и Кејт Хадсон, Ева Лонгорија, Кејт Бекинсел.

И да, Мелани навистина заслужува аплауз. Ако ви недостасуваше мотивација за вежбање, после ова видео веруваме дека ќе почнете поинаку да размислувате.

Објавено:
5 јули 2019
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
1.421 пати