Милионерката Фабиола Бераказа се омажи во Живанши венчаница во магичниот Дубровник!

7 јуни 2014

Прекрасната милионерка Фабиола Бераказа, поќерката на милијардерот Рандолф Аперсон Харст, и инвестицискиот банкар Џејсон Бекман го кажаа судбоносното „да“ во магичниот Дубровник.

Шармантната џетсетерка Фабиола носеше волшебна венчаница на Живанши дизајнирана специјално за неа од Рикардо Тиши кој што исто така присуствуваше на свадбената церемонија.

Истата се состоеше од два прекрасни дела, односно горен дел во вид на пеплум изработен од прекрасна тантела и магичен бел корсет во комбинација со долго здолниште што совршено се спои со горниот дел.

Невестата носеше и прекрасен долг вел со кој и помогнаа неколку среќни девојчиња од Дубровник облечени во нежни, бели фустанчиња со цвеќиња на главата.

И покрај најавите дека на свадбената манифестација ќе присуствуваат Леонардо ДиКаприо, Анџелина Џоли и Кејт Хадсон, досега не се појави ниту една фотографија од нив, ниту пак имаше потврда дека тие навистина пристигнале во Дубровник.

Иако можеби тие изостанаа, на свадбата се појави дел од светскиот џет – сет како дизајнери, модели и други важни личности од светот на политиката и бизнисот.

Меѓу нив, беше и прекрасната манекенка Џесика Харт која што постојано постираше фотографии на Инстаграм од прекрасниот Дубровник што ја воодушевил. На свадбата беше и дизајнерот на Живанши Рикардо Тиши, но и Маргерита Мисони – дел од модното царство Мисони, како и градоначалникот на Дубровник Андро Влахушиќ.

Свадбата ја следеа огромен број на светски ТВ канали, модни магазини и бројни репортери, а специјална репортажа за свадбата на милионерката Фабиола од династијата Харст, ќе биде објавена и во Вог.

Интересно е тоа што наместо подароци, брачната двојка побара од своите гости парите да ги донираат во хуманитарни цели, меѓу кои и во отворениот фонд за настраданите од поплавите во Србија и Босна.

Магичната атмосфера од свадбата на деценијата во Дубровник, можете да ја погледнете подолу во нашата галерија.

Објавено:
7 јуни 2014
Категорија: 
Сцена