Рикардо Тиши си заминува од Живанши!

3 февруари 2017

Италијанскиот дизајнер Рикардо Тиши ја напушта позицијата креативен директор во француската модна куќа Живанши, за која работеше 12 години, пренесува магазинот WWD.

Според информациите што први ги сподели WWD, Тиши си заминува од Живанши по истекувањето на нивниот заеднички договор што траел до 31 јануари.

По неговото заминување, што деновиве е главна вест во модните кругови, се шират гласини дека негов следен ангажман како креативен директор ќе биде во модната куќа Версаче.

И самиот Тиши секогаш се воодушевувал на работата на Џани Версаче, а за кампања на Живанши во 2015 година, како заштитно лице ја ангажираше Донатела Версаче.

Кој ќе го наследи во Живанши сè уште не е потврдено, а она што е сигурно е дека Тиши нема да ја прикаже новата колекција на Живанши која требаше да биде промовирана на претстојната Модна недела во Париз.

 

Објавено:
3 февруари 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
169 пати