Миранда Кер сними преработка на песната You’re the boss на Елвис Присли

25 февруари 2014

Таа е успешен модел, мајка и бизнис жена, но како тоа да не и е доволно, сега сака да стане и пејачка.

Неодамна прекрасната Миранда Кер сними ја сними преработката на песната You’re the boss на Елвис Присли заедно со ирскиот пејач и танчер Боби Фокс.

„Ја убедив Миранда Кер да сними дел од песната со мене за мојот нов албум“, напиша Боби на својот Инстаграм профил.

Манекенката, која досега во неколку интервјуа има споменато дека има снимено неколку песни заради лично задоволство, го сними овој дует за време на еден нејзин ангажман во Нов Зеланд. Таа досега ги има покажано нејзините пејачки способности во јапонската реклама за ледените чаеви " target="_blank">Липтон, за која имаше многу негативни критики дека истата е апсолутно бизарна.

„Таа не беше многу сериозна околу пеењето, таа само се соживеа со нејзиниот карактер и едноставно ја снимивме песната“, изјави нејзиниот партнер Боби Фокс.

Песната ќе биде објавена на 14 март и истата ќе можете да ја симнете од iTunes.

Ние едвај чекаме да видиме како ќе звучи песната!

Објавено:
25 февруари 2014
Категорија: 
Сцена