Мишел Фајфер ја откри тајната на среќниот брак

23 јануари 2019

Една од најубавите актерки во Холивуд, Мишел Фајфер неодамна се приклучи на социјалната мрежа Инстаграм и веднаш сподели фотографија со која сакаше да ја одбележи 25 годишнината од бракот.

Инаку, таа е во брак со познатиот продуцент Дејвид Е.Кели кој има направено некои од најдобрите серии на сите времиња.

architectural_digest

Под фотографијата, таа напиша дека последните 25 години е најсреќната жена на светот поради нејзиниот сопруг.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Michelle Pfeiffer (@michellepfeifferofficial) onJan 20, 2019 at 8:48am PST

Двојката се запозна во 1993 – тата година, кога пријателите им договориле состанок на слепо. Веќе следната недела, тој ја поканил на кино, а само 10 месеци подоцна тие се венчале, а она што е интересно е дека истиот ден ја крстиле и нивната посвоена ќерка Клаудија Роуз.

popsugar

По девет месеци, тие го добиле и нивниот заеднички син Џон Хенри, а ќе кажат дека никогаш не биле на меден месец, бидејќи сакале да се грижат за нивните дечиња.

„Можеби затоа сè уште не сме се заситиле еден од друг, бидејќи нашиот фокус цело време е насочен кон нешто друго. Но, тоа не значи дека го земаме нашиот брак здраво за готово. Сè уште, барем еднаш неделно, одиме на мали, романтични вечери. Само ние двајца“, изјави актерката во едно интервју.

Инфо: Stil.kurir.rs

Објавено:
23 јануари 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.967 пати