Модно жири: невообичаени, шик и лежерни комбинации

8 мај 2013

За време на модниот викенд кој минатиот месец се одржа во Скопје, покрај новите колекции на домашните дизајнери и модни брендови, пред медиумите се презентираа и нашите познати личности кои како гости се појавија во помалку или повеќе успешни стајлинзи. Додека некои очигледно се потрудиле околу комплетното стилизирање на својот изглдед, други направиле смели и невообичанеи комбинации, а трети сосема индиферетно и без некое особено внимание во однос на својата визуелна претстава седнаа во првите редови.

Во продолжение следува изборот и коментарите на дизајнерката Маја Стојковски.

 

Викторија Лоба Викторија Лоба

Одлична комбинација во лежерен стил, соодветна за ваков тип на настан. Шик и модерно.

 

Вера Јанковиќ Вера Јанковиќ

Интересна и невообичаена. Сепак последните модни тенденции на црно-бели комбинации во риги лежат во оваа варијанта.

 

Лила Филиповска Лила Филиповска

Одличен избор. Впечатлив фустан со волуменозен долен дел во атрактивна и модерна боја.

 

Амернис Нокшиќи Амернис Нокшиќи

Прекрасна силна црвена боја, иако станува збор за елегантна тоалета во романтична линија.

 

 

 

Објавено:
8 мај 2013
Категорија: 
Сцена