Супермоделот Жизел Бундшен неодамна се појави на гала вечер во Лос Анџелес и го украде вниманието со својот изглед.
На настанот се појави во едноставна, но впечатлива креација на Стела Мекартни.
Се работи за долг фустан, во горниот дел асиметричен, односно на едно рамо, на кое има и плашт. Сведената линија, односно минималистичката естетика го прават моќен и уште повечатлив и луксузен.
Го искомбинира со златни обетки и златно-бела клач чанта.
Дискретната шминка и густата коса стилизирана во бранови придонесоа таа да потсетува на вистинска божица.
Инаку, на настанот се појави во придружба на сопругот Том Бреди, а врачено ѝ е признание за придонес кон зачувување на животната средина. Истата награда ѝ беше врачена и на Барбара Стрејсенд.
фото извор: facebook.com; dailymail.co.uk;