Моника Белучи и Деми Мур на одмор во Хрватска

7 август 2015

Хрватската ривиера секогаш била една од омилените летни дестинации на познатите кои сакаат да уживаат во традицијата на добрата храна и вино, уникатната архитектура и совршено проѕирната морска вода.

И оваа летна сезона, Хрватска, а особено Далмација, ја посетија голем број славни личности.

Познатата актерка Деми Мур, заедно со своите ќерки, како што пренесува онлајн магазинот Buro247, деновиве пристигнале во Хрватска каде ги посетиле прекрасните Дубровник и Хвар.

Маестралниот актер, Ралф Фајнс исто така ја одбрал Хрватска како своја летна дестинација, па заедно со своето семејство летувале на островот Бриони каде често бил присутен на различни настани од областа на културата.

По втор пат оваа година, Дубровник го посети и италијанската убавица Моника Белучи која заедно со нејзината ќерка ја посетила и продавницата на познатата израелска дизајнерка Мишел Негрин. Инаку Белучи во јуни работно беше во Дубровник, каде го снимаше новиот филм под режисерската палка на Емир Кустурица.

Светскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ очигледно го обожува својот Балкан, па и ова лето одлучи да го помине во овој регион, односно на еден од хрватските острови.

Објавено:
7 август 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.546 пати