На модната индустрија очајно и е потребен Галијано

13 септември 2013

На модната индустрија и недостасува Џон Галијано. Овој факт го потврдува основачот на Browns, Џоaн Бурстеин. Тaa се приклучи на групата која сака по секоја цена да го врати на сцената поранешниот дизајнер на Кристијан Диор.

„Работите не се исти откако Галијано беше протеран“ – кратко прокоментирала Џоан. Галијано ја поседуваше уникатната способност да направија модни парчиња кои беа олицетворение на неговото бегство од реалноста во светот на фантазиите. Токму тоа  е рецептот за успех во модниот свет бидејќи ретко кој ја поседува таа способност.

Бурстеин се присетила на последната средба со дизајнерот кога патувале за Лондон. „Не ми се верува. Влеговме во тунел, излеговме од него и стигнавме во Англија“ – кажал воодушевувачки Галијано, но сепак на Џоан тоа и се врежало во меморијата како знак за едноставниот и кревок дух на дизајнерот.

Би била голема загуба доколку Галијано не биде вратен таму каде што припаѓа, а Џоан му испратила отворена покана за работа во Browns.

Објавено:
13 септември 2013
Категорија: 
Сцена