Најдобрите изгледи на Миранда Кер за 2013 година

14 декември 2013

Заводливата Миранда Кер, освен  што изгледа неверојатно на писта, таа и приватно воодушевува со својот имиџ и стајлинзите што ги претпочита. Независно дали е на прошетка низ Њујорк со својот син Филн или пак пристигнува на аеродром, Миранда секогаш носи кежуал, но доволно впечатливи комбинации преку кои се издвојува од останатите. Нејзино омилено парче е мото јакната, макси здолништата и фустани, спортски маички и искинат џинс.

Од бои, најмногу преферира да носи пастелни нијанси, но ништо помалку не ја исклучува и црната боја. Во продолжение погледнете ги најдобрите изгледи на славната манекенка и пробајте да украдете нешто од нејзиниот стил.

 

Објавено:
14 декември 2013
Категорија: 
Сцена