Моделот Миранда Кер нè инспирираше за денешната предлог-комбинација. Неодамна таа се појави на отворањето на нов бутик на австралскиот бренд Цимерман и го привлече вниманието со својот избор.

Миранда носи макси фустан во пастелно розова боја, од тантела, со долги ракави и длабоко деколте, со потпис токму на овој бренд. Поради впечатливоста на креацијата, Кер модните додатоци ги сведе на миминум. Дискретни обетки се нејзиниот единствен избор, а кога се обувките во прашање, златни сандали со ременчиња се добитната комбинација.

Нежно, лежерно, а сепак со доза на сексапил и впечатливо.

Објавено:
1 август 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
595 пати