Новото, 27 издание на Critics Choice Awards се одржа истата вечер со БАФТА, што беше необично, но сепак добрата организација и временската разлика на релација Лос Анџелес - Лондон направи двете манифестации да се одвиваат непречено.

Организаторите одлучија ССА да одат во живо од Лоа Анџелес, а оние кои претходно биле на доделувањето на БАФТА во Лондон, да се префрлат во хотелот „Savoy“ во Лондон и оттаму да биде организиран пренос.  

Поради седумчасовната разлика во времето, номинираните од БАФТА имаа доволно време за да го променат сосема својот изглед и да се појават на црвениот килим во ново издание. Паното за фотографирање беше исто и во Лондон и во Лос Анџелес, па да не знаете дека се одржува во два града, нема ни да забележите.

Лејди Гага беше една од оние што направи трансфер во Лондон, и после смарагдно зелената креација на Ралф Лорен на БАФТА, на црвениот килим на ССА се појави во дизајн на „Гучи“. Овој пат тоа беше смела креација во златна боја, со мошне храбро деколте и црни тантелни ракави. Воедно, ова е креацијата за која можеби и најмногу се коментираше после нејзиното појавување. Додека едни беа воодушевени како ѝ стои, други сметаат дека ваков смел фустан би изгледал подобро на поинакво тело од ова на Гага.

На црвениот килим се појави и Кристен Стјуарт во сјајна креација на „Долче и Габана“ во едноставен крој, во која изгледаше женствено и нежно. Иако „Шанел“ е најчесто нејзиниот избор, овој пат креацијата со италијански потпис дозволи да ја видиме и во малку поинакво издание.

Сестрите Вилијамс се најдоа исто така меѓу гостите. И двете се одлучија за сребрени креации, но Венус одбра тоа да биде попровокативен фустан, со шлицеви, длабоко деколте и кратки панталончиња, додека Серена имаше едноставен фустан со огромна опашка и изгледаше мошне елегантно, така што во овој стилски двобој, таа е нашиот фаворит.

 Серена Вилијамс одбра црвена креација на „Луј Витон“, а меѓу оние што привлекоа внимание беше и Кристен Виг. Актерката се појави во кратка црна коса и транспарентен фустан  на „Родарте“, смел избор кој таа со својата лежерност успева одлично да го носи.

Ако зборуваме за модни промашувања, тогаш нашиот избор би била Кирстен Данст. Таа носи креација на „Julie de Libran“, во која изгледа како да е во ноќница. Кројот, а веројатно и бојата не ѝ прават многу услуга овој пат на Данст, која имала одлични модни појавувања.

Меѓу оние што имаат модна утка е и Емилија Џонс.

Оваа креација на Луј Витон со спуштен струк не изгледа баш најдобро на нејзиното тело.

Она што ни се допадна на овој црвен килим е зголеменото присуство на креации во боја, што даваат нота на ведрина и оптимизам на самиот настан, а воедно некако ги подгреваат очекувањата за „Оскарите“, дека најдоброто допрва следи.

 

Како изгледаа останатите можете да видите во галеријата на почетокот од текстот.

Објавено:
15 март 2022
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.155 пати