Во Лос Анџелес вчера се одржа манифестацијата „Teen Choice Awards“, а утрото потоа сè уште се коментира црвениот килим.
Ако се бара настан на кој најчесто има најмногу лошо облечени на црвената патека, тоа е дефинитивно споменатиот настан.
И оваа година помина во истиот тренд - многу бои, принтови, светки и сè што можеби мислевте дека не може да се спои, познатите на овој настан покажаа дека може.
На листата на најлошо облечени во самиот врв се Иви Мекинеј, која носеше транспарентна ПВЦ креација и Сабрина Карпентер, која носеше розова креација со принт и златни реси.
Кога сме кај розовата боја, тоа беше и изборот на Ана Кендрик, во комбинација со сребрени чевли и детали, како и на Бебе Реџа - латекс панталони и јакна, која се најде исто така на листата на најлошо облечени.
Од спротивната страна, како ретки позитивни примери беше тексасното жолто фустанче на Нина Добрев, коралниот фустан на преклоп што го носеше Кендис Камерон Бур, комбинацијата на Клои Грејс Морец, како и комбинацијата на Меди Зиглер.
Кога се наградите во прашање, меѓу наградените се Камила Кабељо, Кери Андервуд, Карди Би, Ед Ширан, „The Big Bang Theory", "Riverdale", Селена Гомез, Шон Мендез и други, а целата листа погледнете ја на линкот ТУКА.
Каков е вашиот впечаток за модата на црвениот килим?