Веќе знаете дека во тек е Канскиот филмски фестивал во чии рамки познатите брендови секојдневно организираат разни забави и промоции на своите производи.

Тоа беше случај и со вчерашната ѕвездена забава за 20 годишнината на познатиот козметички бренд Лореал на која се појавија голем дел од светски познатите манекенки и актерки како амбасадорки на брендот.

Најголемо внимание дефинитивно предизвика 31 – годишната руска манекенка Ирина Шајк која само два месеци по раѓањето на нејзината ќерка изгледа неверојатно.

Таа се одлучи за транспарентен фустан од колекцијата на нејзиниот омилен Балман, а тоа беше случај и со другите прекрасни девојки кои присуствуваа на забавата.

Во неверојатно сексапилни фустани можевме да ги видиме и останатите модели од Викторија Сикрет кои дефинитивно беа главната атракција вечерта.

Една од амбасадорките на брендот, познатата актерка Ева Лонгорија исто така беше дел од забавата, а за истата одбра секси фустан од колекцијата на Балман кој покриваше само делови од нејзиното тело.

На фотографиите таа позираше со бројните манекенки кои исто така беа дел од забавата, а на социјалната мрежа Инстаграм се пошегува дека и таа е модел.

Во галеријата погоре погледнете ги највпечатливите фустани од забавата за 20 годишнината од постоењето на козметичкиот гигант Лореал.

Објавено:
25 мај 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
584 пати