Покрај одличните ревии на кои сме сведоци последниве денови во романтичниот Париз, во рамки на тамошната модна недела се случи и вистинска „жешко црвена“ забава на козметичкиот гигант Лореал со некои од најубавите манекенки на денешницата. 

На забавата во секси црвени фустани се појавија заштитните лица на брендот меѓу кои и Ирина Шајк, Ева Лонгорија, Карли Клос и Лара Стоун кои уште еднаш докажаа зошто токму тие се избраните од брендот. 

Карли Клос за забавата одбра навистина интересен црвен фустан со секси отвор во делот кај градите, комбиниран со високи црни потпетици и тренди чантичка. 

Подеднакво прекрасна беше и Ирина Шајк која на забавата се појави во црвено кусо фустанче со длабоко деколте, високи потпетици и едноставна шминка и фризура, секако во придружба на нејзиното момче Бредли Купер. 

Како и секогаш, вистинска убавица беше и актерката Ева Лонгорија која овој пат се одлучи за тесен црвен фустан до под колената што дополнително ја истакнуваше нејзината фигура. 

Уникатен и помалку несекојдневен стајлинг имаше амбасадорката на брендот Лара Стоун која се појави во црвен PVC комбинезон во кој изгледаше сосема поинаку од сите останати. 

Во галеријата, погледнете како изгледаа девојките на забавата на Лореал.

Објавено:
9 март 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.314 пати