По фантастичната пижама забава во Лос Анџелес, Долче и Габана се селат во Париз каде организираа луксузен настан во рамки на тамошната модна недела на кој ја прикажаа нивната мини капсулна колекција „Paris Je T'aime“.
Сосема очекувано, дел од забавата беа некои од најактуелните ѕвезди во моментов меѓу кои и тинејџерската атракција Хејли Болдвин, ИТ девојката Оливија Палермо, Кели Роланд, Луис Хамилтон и уште многу други.
Девојките блеснаа во креации од последната колекција на дизајнерската двојка, а најголем впечаток дефинитивно остави Хејли Болдвин која за пригодата одбра секси црн фустан од тантела со добро познатите везени моменти и уникатно венче на главата.
Подеднакво прекрасна беше и пејачката Кели Роланд која се одлучи за долг црн фустан со натпис „Italia is love“ во пределот кај градите.
Во фустанче од капсулната „Paris Je T'aime“ на забавата се појави и Ана Дело Русо, но и моделот Синди Бруна која е од најбараните во моментов.
Дел од колекцијата на Долче и Габана се фустанчиња со едноставен крој во боите на Франција со Ајфеловата кула, но и слатки памучни и свилени маички украсени со мотиви од Париз.
Погледнете дел од атмосферата во галеријата погоре.