Наоми Кемпбел ужива со рускиот тајкун Владислав Доронин на фантастичниот Свети Стефан!

22 септември 2014

Една од најпознатите манекенки на светот, Наоми Кембпел изминатите неколку денови уживаше на прекрасниот Свети Стефан во друштво на нејзиното момче, рускиот тајкун Владимир Доронин.

Двојката беше сместена во луксузната вила 118 во која неодамна отседнаа и Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена кога на островот се одржуваше нивната венчавка.

Во видеото што го објавија тамошните медиуми, може да се види пристигнувањето на прекрасната Наоми која за патувањето се одлучи за едноставни фармерки, црна блузичка, интересно бело палто, куси чизмички до глужд и огромна шапка со која сакаше да остане незабележителна.

Нивната посета овој пат беше работна, со оглед на тоа што нејзиното момче планира да инвестира во Црна Гора. Она што беше особено интересно, е тоа што познатата двојка во Црна Гора пристигна без телохранители, а како што соопштија медиумите, манекенката не го напуштала хотелот многу често.

Единствената посета била на ресторанот Агора и во спа – центарот на познатата Кралска плажа.

Вилата 118 која сега го носи името „Свети Стефан“ е најлуксузната на црногорското крајбрежје. Една вечер во апартманот чини околу 3.500 евра, истата има две нивоа, а се простира на 165 квадратни метри.

Објавено:
22 септември 2014
Категорија: 
Сцена