Наоми Вотс: Оставете ја намира Рене Зелвегер!
•
13 јануари 2015
Британската актерка Наоми Вотс ја доби насловната страница од февруарското издание на магазинот In Style. Читателите на реномираниот британски магазин, ќе имаат можност да ја погледнат русокосата актерка во девет различни комбинации, стилизирани од Арабела Гринхил.
Фотосесијата ја потпишува Макс Абадиан, додека во интервјуто од внатрешноста, актерката најмногу говори за својата колешка Рене Зелвегер, за која вели дека ја подржува во целост за промените во изгледот.
-Сите коментари во врска со нејзиниот изглед беа злобни и непотребни. Јас лично ги видов спорните фотографии и помислив дека Рене изгледа одлично! Неверојатно! Оставете ја намира!, изјавува Наоми Вотс.