Навраќање на носталгичните 90-ти со Миу Миу и Дру Баримур

30 август 2014

Слатката актерка Дру Баримур беше заштитно лице на рекламната кампања што модниот бренд Миу Миу ја лансираше пролетта 1995 година. На фотографиите Баримур позира со тенки веќи, пикси фризура, едноставни фустани, здолништа и кошули комплетно во модниот дух на 90-тите. Едиторијалот го фотографираше Елен вон Унверт. Имено, оваа актерка важи за една од најпознатите и најобожаваните во Холивуд. Нејзин главен адут кога станува збор за актерството и се улогите во романтичните комедии кои дефинитивно ја вивнаа до ѕвездите.

Погледнете ги фотографиите и навратете се на едни убави времиња кои со сигурност ќе ви побудат силни емоции и ќе ве присетат на убавите спомени.

Објавено:
30 август 2014
Категорија: 
Сцена