Неговото височество ленен фустан: Нашето омилено летно парче!

22 мај 2021

Доколку сте од оние што сакаат да инвестираат во квалитетно и убаво парче облека, кое ќе им трае неколку сезони, има предзнак на безвременско, ленениот фустан е секако едно од тие.

Не постои подобар избор за актуелната пролет-лето сезона.

Ленот како природен материјал ќе ја гали вашата кожа, а фустанот е едно од најпрактичните парчиња облека кои можете да ги имате во гардероберот.

Идеален избор и за работно место и за прошетки и летен одмор, потребно е само да си го познавате телото и да го одберете вистинскиот модел.

А постојат и кроеви кои се да речеме универзални, односно лесно прилагодливи на сечие тело.

Ако сакате да го сокриете долниот дел од телото и стомакот, тогаш супер се моделите со широко здолниште.

Од друга страна, постојат и широки модели кои прилегаат и на оние што се слаби, но и на оние покрупните, бидејќи стојат лежерно и ги сокриваат недостатоците од двата типа.

Во зависност од тоа дали ќе ги комбинирате со патики, сандали, балетанки, чевли со висока потпетица, влечки, ќе ги искористите и за различни пригоди!

Токму вакви модели можат да се најдат во модната куќа Елена Лука. 

Достапни во неколку бои, ќе бидат сè што ви е потребно за оваа сезона (а и уште многу други).

За повеќе ленени парчиња кликнете на линкот тука.

Парчињата можете да ги најдете и во продавниците во ГТЦ, Капиштец и Аеродром, па искористете го убавото време за шопинг, а на располагање ви е секако и онлајн продавницата!

 

Објавено:
22 мај 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
610 пати