Најчестите модни грешки на крупните жени

17 јуни 2015

article-2264527-1704B6E9000005DC-688_634x309

Некои од модните грешки што ќе ги прочитате во продолжение ги прават речиси сите жени, но се повоочливи кај оние покрупните, со облини.

Токму затоа ви презентираме неколку работи кои можеби ги правите, а не сте свесни, а сè со цел да изгледате и да се чувствувате добро.

1.Носите нешто што не ви прилега, само за да покажете дека сте смели

Ако не знаете точно каков облик е вашето тело и сметате дека тоа треба да го игнорирате, како и неколку правила што одат со различните типови градба, тогаш грешите. Не е сеедно дали сте „јаболко“ или „круша“, бидејќи на крајот може да завршите со изглед кој навистина не ви прилега. Не носете нешто само затоа што е популарно или за да докажете дека можете да носите сè. Никој не може сè да носи. Кога се актуелните трендови во прашање, секогаш подобра варијанта е да ги имплементирате преку модните додатоци, отколку само преку облеката. Кога е таа во прашање, држете се до проверените кроеви и материјали.

Fashion-Tips-for-Plus-Size-Women

2.Сосема го сокривате телото

Една од најчестите грешки на жените со некој килограм повеќе е тоа што се сокриваат зад слоеви облека. Иако вие можеби сметате дека ќе ги сокриете критичните места, безобличната и облеката со лош крој уште повеќе ќе ја нагласи вашата големина, нема да ја сокрие. Прифатете ги своите облини и пронајдете ја вистинската големина, облека која нема да биде ниту преширока ниту претесна, туку на вистински начини ќе ги нагласи добрите страни.

embedded_plus_size_pencil_skirt_outfit

3. Не се разделувате од црната боја

Само затоа што во облека со црна боја изгледаме повитко, не значи дека целиот гардеробер треба да биде во таа боја. Да, црната знае визуелно да помогне, но не прави чуда, затоа не си го скратувајте задоволството да носите и други бои, кои можеби и подобро ви прилегаат. Ако веќе сте љубител на потемните нијанси, испробајте ги темните тонови на беж, морнарско сина, црвена... Или комбинирајте – ако имаше широки колкови и бутини, облечете темни панталони, но светла маичка. И запомнете, кројот е најважен. Бојата е само помош, не решение.

black-dresses-for-plus-size-women

Rue114_Img009-ciaafrique-curvy-girl

4.Бирате претерано куси ракави

Тоа не значи дека не треба да носите куси ракави, но должината сепак е важна. Под претерано куси ракави мислиме на оние што само ги покриваат рамениците. Токму тој крој прави да изгледате уште пошироки во горниот дел, па ако рацете ви се слаба точка, избегнувајте ги таквите ракави на блузи или фустани. Ракавите нека бидат барем 15 сантиметри долги.

wpid-Casual-Dress-Plus-Size-2015-2016-0

5. Станувате роб на големината

Големината може да биде силна психичка бариера, но морате да го надминете тоа. На пазарот постојат различни кроеви, големини, варијации на големини, можете да правите и облека по мерка, така што нема потреба да робувате. Со оглед дека различни брендови имаат различни големини, немојте веднаш да се разочарувате дека не можете да влезете во некои панталони или здолниште. Секогаш испробајте и број помала или поголема големина, за да утврдите која најдобро ви прилега.

contemporary-plus-size-clothing

6.Ги обожувате хеланките

Тие можат да бидат добар избор под фустан или долги туники, но не се замена за панталони. Во хеланките нема да изгледате послабо, па макар биле и црни, туку ќе ги нагласат сите ваши недостатоци. Добро кроени панталони се секогаш подобар избор од хеланки!

Plus-Size-Flare-Pants-for-Office-Wear

7. (Не) Носите долна облека за обликување кога купувате

Долната облека за обликување на тело е популарно кај жените со облини веќе со генерации. Всушност, во последно време речиси кај сите жени. Ако и вие имате обичај понекогаш да облечете мидер или го носите само за свечени пригоди, тогаш би било добро да го носите и кога купувате таков тип на облека. Само тогаш ќе видите како навистина ви стои свечениот фустан, на пример. Ако не планирате да го носите со некое парче облека, тогаш нема потреба ни да го носите во шопинг.

4501be6b5a59813b26323c63d8032598

1586593_fpx

Објавено:
17 јуни 2015
Категорија: 
Направи сам