Пред речиси седум години на македонската забавна сцена се појавија како дуо чија автентичност на близнаци што негуваат поп-рок музика, беше специфична и препознатлива. Станаа музичка атракција по која врескаат тинејџерките, а како и нив, Мартин и Стефан пораснаа, ја задржаа истата публиката, но со поинаква музика и изменет имиџ. Вечерва во Драмскиот театар во Скопје, присуствувавме на нивната промоција на нов видео запис изработен за старата изворна македонска песна „Ја излези Ѓурѓо“. Новиот музички аранжман на композиторот и музичар, Никола Мицевски беше поинаков призвук што на некој начин стана тренд на забавната сцена, а пак режијата на видеото од Огнен Шапковски, беше перфектен филмски спој на уметноста и креативноста, раскажани преку убавините на Македонија.
Главните протагонисти во спотот Мартин и Стефан, се модерните комити, додека современата Ѓурѓа е олицетворение на силата и доминантноста на жената. Иако не поканија на промоција, дружењето не заврши со промоцијата на видеото. Тие за сите присутни приредија мини- документарец во кој збор им дадоа на соработниците на новиот проект, како и мини -концерт на кој ги слушнеме некои од нивните нови и постари песни. Во врска со изборот на народнта изворна нумера, велат дека ја обработиле бидејќи се емотивно врзани со истата.
Стефан: Емотивно сме поврзани со песната, а јас како вокал сакам да навлегувам од стил во стил и секоја нова наредна песна преферирам да биде поинаква за слушателите. Сакам да изненадувам за да не станам монотон на сцената и сметам дека овој пат добро си ја завршивме работата, а верувам дека и реакциите на луѓето ќе бидат позитивни. Можеби не често одбираме да изведуваме народни песни, но кога е така ги изведуваме со душа. Преработките на вака познати песни мора да бидат перфектни исти, но поинакви од оригиналот, вели Стефан, а на тоа се надоврза и неговиот брат Мартин кој кажа дека реакциите на публикта по вечерашната промоција одат само во позитивна насока.
Мартин: Довербата за аранжманот му ја дадовме на Никола Мицевски кој е веќе докажан конпозитор и комплетно сум задоволен од тоа како излезе финалната верзија. И за видеото имаме нов соработник, тоа е Огнен Шапковки кој успеа според мене да го направи најдоброто видео досега на македонски простори. Приказната е доста едноставна, ние сакавме да изгледаме како модерни комити, да ја прикажеме убавината на Македонија, а целото тоа да добие филмска димензија. Верувам дека присутните на промоцијата уживаа во тие неколку минути од спотпот, а нашата сатисфакција беше уште поголема после овациите на пуликата која стана на нозе, рече Мартин.
Новиот имиџ според нив е мала промена, која очигледно за остнатите изгледа поголема. Новиот изглед најчесто се поврзува со новите нешта што се случуваат во животот, а нив очигледно им се случија доста. Но, причината како што велат се должи на нивниото созревање и потребата да пратат посериозен визуелен изглед.
Стефан: Не многу е променет нашиот изглед, но изгледа дека требаше сосем малку да се промениме за луѓето да имаат друга физичка перцепција кон нас. Созреваме како личности и нормално е да го менуваме имиџот. Веќе не сме деца, сакаме да изгледаме сериозно и да бидеме сфатени така. Засега не мислиме дека ни е потребна професионална помош во однос на сценкиот имиџ, зашто милам дека и двајцата со Мартин имаме добр моден естетски вкус. Знам да се облечам како што треба и кежуал и покласично, поточно оној имиџ кој го негувам, сакам во целост да биде сопствен печат. Знам да изберам добри прчиња, следам и модни трендови, посебно на светски портали за мажи, но ќе споменам дека читам и Fashionel, од каде често знам да се инспирирам од статиите што ги пласирате за мажи. Искрено, навистина сте супер, имате многу читатели, доста сте посветени и чекам некоја следна соработка со вас, објаснува Стефан.
Покрај новата закрила на Приве продукција од Белград, која сега стои зад нив, ги прашавме по кои нешта ќе ја запаметат 2014-та година.
Мартин: Годината од која броиме ситно ќе ја запаметиме по новите соработки, а најмногу по „Ја излези Ѓурѓо“, големиот број на обожаватели, пријатели и медиуми што дојдоа вечерва. Ова беше посебно доживување за нас, на кое сме особено задоволни и горди. На нашите верни обожаватели, но и оние новите, им порачуваме дека следната година од нас може да очекуваат многу изненадувања, кои не би биле такви ако ги откриеме, завршува Мартин.
Во продолжение погледнте ја атмосфетата од промоцијата и видеото
&feature=youtu.be