„Next Time“ во понеделник ќе го промовираат видео записот за „Нешто ќе те питам бабо“

20 март 2019

По преработката на старите македонски песни „Ја излези Ѓурѓо" и „Слушам кај шумат шумите", кои уживаат голема популарност, познатото македонско дуо „Next Time" најавува обработка на уште една македонска народна песна „Нешто ќе те питам бабо" проследена со видео запис.

Промоцијата на преработката заедно со видео записот е закажана за понеделник со почеток во 20 часот во Драмски театар, Скопје.

„Со гордост ви ја најавуваме промоцијата на новиот видео запис, за уште една македонска народна песна „Нешто ќе те питам бабо". Промоцијата е закажана за 25 март во Драмски театар, а влезот е слободен за сите љубители и поддржувачи на македонската музика и Next Time. Веруваме дека и по трет пат ќе ве направиме горди и заедно ќе ја зачуваме македонската песна", објави дуото на својот профил на Фејсбук.
Музиката е на Никола Мицевски, режијата на спотот ја потпишува Огнен Шапковски, а автентичната костимографија која во спотот го доловува архаичниот дух е на модната куќа Елена Лука.

Сите детали, како и видео записот, очекувајте ги во понеделник по официјалната промоција.

 

Објавено:
20 март 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
392 пати