Младата пејачка Викторија Чочороска во соработка со Никола Мицевски ја промовираше преработката на „Јаворе“
Модерните преработки на стари македонски песни се сè поактуелни на домашната музичка сцена.
На таков чекор се одлучи и младата пејачка Викторија Чочороска, која во соработка со етаблираниот композитор Николче Мицевски, ја промовираше својата прва самостојна преработка, на старата македонска песна „Јаворе".
Песната е проследена и со видео запис што го изработија Дарио Јанковиќ и General film production.
Инаку ова не е прво искуство на Викторија со изведба на етно песни. Меѓу нејзините последни ангажмани беше и соработката со Некст Тајм за нивната преработка на „Нешто ќе те питам бабо", каде таа го пее женскиот вокал.
Објавено:
13 јуни 2019Прегледно:
221 пати