Никол Кидман се појави заедно со својата 16 годишна ќерка Сандеј Роуз на забава во Париз и предизвика вистинска модна сензација.
Забавата, на којашто присуствуваа голем број познати личности, беше организирана од страна на швајцарскиот производител на лукузни часовници OMEGA.
Кидман носеше крација од Валентино – елегантно здолниште и кропиран топ. Актерката беше олицетворение на префинетост и елеганција дополнети со нејзиниот безвременски шарм.
Никол е амбасадор на брендот, па ова не е прв пат таа да биде облечена во Валентино.
Нејзината ќерка Сандеј Роуз додаде доза на острина и модерна нишка со својот сив костум од Chloé.
И двете дами изгледаа прекрасно, уште еднаш потврдувајќи дека дуото мајка-ќерка е секогаш добитна комбинација.
Фото: Instagram