Никол Кидман е моќна жена во новиот Вог едиторијал

11 август 2015

Прекрасната Никол Кидман неодамна се врати во нејзината Австралија каде сними фантастичен едиторијал за Вог на песочниот рид Улуру кој се смета за еден од најфасцинантните во светот.

Во интервјуто за магазинот, таа искрено говори за целата деценија љубов со кантри пејачот Кит Урбан со кого ги има двете прекрасни ќерки Сандеј и Фејт. 

„Ние навистина си ветивме еден на друг многу работи што ги исполнуваме и денеска, ние навистина се трудиме да ја одржиме нашата врска. Најголемиот наш приоритет е да останеме заедно засекогаш“, изјави Кидман во интервјуто. 

Таа додаде и дека животот со Кит и нејзините деца е токму она што таа си го посакувала целиот живот, нешто за што е многу благодарна што го пронашла. 

Покрај интервјуто, русокосата актерка родена во Хонолулу, позира пред објективот на Вил Дејвидсон во прекрасните австралијански предели, облечена во дизајнерски парчиња во есенски бои. 

На дел од фотографиите, можеме да ја видиме Никол како позира со локалните жени од местото, кои во нејзина чест изведуваат специјална женска церемонија облечени во црни фустани со колоритни ленти на главата. 

На дел од фотографиите за едиторијалот, можеме да ги видиме и нејзините две ќерки кои совршено се вклопија во цела приказна.

Објавено:
11 август 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
568 пати